ИВАНОВ, Славе

ИВАНОВ, Славе (Штип, 14. Ⅻ 1888 – Скопје, 1948) – припадник на ВМРО и на МФРО. Во Балканските војни бил секретар на војводата Иван Јанев-Брло. По Првата светска војна емигрирал во Бугарија, влегол во ВМРО и станал близок соработник на Т. Александров. Поради несогласувањето со Александров се повлекол од ВМРО (1921) и формирал нова организација МФРО. Соработувал со земјоделската влада на А. Стамболиски и со Кралството на СХС. Во 1923 емигрирал во Виена и како претставник на МРФО се вклучил во ВМРО(Об). Во 1948 г. бил осуден од југословенските судски власти. ИЗВ. иЛИТ.: ДАРМ, Пописник 1, бр. 20 и 21; Славе Ивановъ, Тодоръ Александровъ и македонското освободително движение, Виена, 1924; Зоран Тодоровски, ВМРО 1924–1934, Скопје, 1997. З. Тод.