ЗНАМЕТО НА РМ

ЗНАМЕТО НА РМ. На 11. Ⅷ 1992 г., Собранието на Република Македонијаусвојува Закон за знамето на РМ, според кој знамето на Република Македонијае „црвено со златно-жолто сонце, сонцето е со 8 основни и 8 споредни сончеви зраци, благо задебелени во првата половина, наизменично и симетрично наредени околу сончевиот диск, основните сончеви зраци непосредно се одвојуваат од сончевиот диск, а крајната надворешна должина на сите 16 сончеви зраци се поклопува со надворешната периферија на сонцето, дијаметарот на сончевиот диск е една седмина од широчината на знамето, односот на дијаметарот на сончевиот диск и должината на основниот сончев зрак е 1:2, а односот на должината на споредниот и основниот сончев зрак е 7:8, центарот на сонцето се поклопува со точката во која се сечат дијагоналите на знамето, односот на широчината и должината на знамето е 1:2” (популарното Сонце од Кутлеш/Вергина). По потпишувањето на Привремената согласност за нормализација на односите меѓу Република Македонијаи РГ (13. IX 1995), поради инсистирањето на РГ за промена на знамето на РМ, (присвојување ексклузивно „право” врз употребата на симболот од Кутлеш/Вергина од страна на РГ и негово злоупотребување во контекстот на спорот околу името) на 5. Ⅹ 1995 г. Собранието усвојува нов Закон за знамето на РМ, според кој знамето на Република Македонијае „црвено со златно-жолто сонце со осум сончеви зраци што се простираат од сончевиот диск со проширување до рабовите на знамето, сончевите зраци се вкрстуваат по дијагонала, хоризонтала и вертикала, дијаметарот на сончевиот диск е една седмина од должината на знамето, центарот на сонцето се поклопува со центарот во кој се сечат дијагоналите на знамето, односот на широчината и должината на знамето е 1:2”. Т. Петр.