ЗЛАТОВРВ

ЗЛАТОВРВ – МАРКОВИ КУЛИ – средновисока планина што се протега северно од Прилеп, помеѓу Стара Река и Прилепска Река во североисточниот дел на Пелагонија. Претставува природна целина со површина од 50 км². Највисок врв е Златоврв (1.422 м). Златоврв има исклучително природни вредности, а тоа се најразновидните денудациони облици. Овие вредности според бројноста, манифестацијата и изразеноста на Златоврв претставуваат раритетна појава која ги надминува и балканските граници. Затоа Златоврв – Маркови Кули е ставен на привремената листа на УНЕСКО во Париз за заштита на природното наследство. Т. Анд.