ЗИНЏИРЛИ ТЕќЕ

ЗИНЏИРЛИ ТЕќЕ (Скопје, ⅩⅤⅠⅠ в.) – познато и како теќе на шејх Адем Баба. Припаѓало на дервишкиот ред Халвети Карабаши. За време на последниот шејх Мехмед Ферид, од карабашиско станало џераиско, од истиот, халветиски ред. Урнато 1971 г., при расчистувањето на просторот за изградба на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”. Зинџирли теќе (теќето на шејк Адем Баба) ЛИТ.: Лидија Кумбараџи-Богоевиќ, Османлиски споменици во Скопје, Скопје, 1998; Галаба Паликрушева, Дервишкиот ред халвети во Македонија, Зборник на Штипскиот музеј, И, Штип, 1959. Др. Ѓ.