ЗДУЊЕ

ЗДУЊЕ -. рановизантиска некропола Подградец, сместена на крајните западни ограноци на Сува Планина, каде што реката Оча се влива во Треска. Во две кампањи (1986 и 1998) се откриени 10 гробни целини од типот на цисти изведени од грубо обработени камени плочи од песочник, во кои е откриен накит: обетки (со териморфен завршеток, со полиедарски завршеток; две обетки со осмици) и монисти од ѓердан од стаклена паста. Некрополата датира од крајот наⅤдо крајот на Ⅵ в. ЛИТ.: Милан Ивановски, Рановизантиска некропола „Подградец” кај Здуње, „Културно наследство”, 12-13 (1985-86), Скопје, 1988, 55-62. М. И.