ЗАШТИТА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА

ЗАШТИТА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА – специфичен вид државна регулација во пазарните економии со која се спречуваат ограничувањето на конкуренцијата и загрозувањето на слободата на пазарот и на претприемништвото. Во економската литература е позната и под името антимонополистичка политика. Современите антимонополистички законодавства обично забрануваат: колузија, т.е. јавно или премолчено договарање помеѓу претпријатијата за висината на цените, поделба на производните квоти и на пазарите; илегални постапки на претпријатијата (врзани договори на штета на потрошувачите, дискриминација на цените и дампинг цени) и фузии помеѓу претпријатијата, доколку овие се насочени кон ограничување на конкуренцијата. Со определбата на Република Македонијаза градење општествен систем што ќе се потпира на пазарната економија и на парламентарната демократија се зголеми и потребата за заштита на конкуренцијата. Почетокот на законската регулатива за заштита на конкуренцијата е со донесувањето на Законот против ограничувањето на конкуренцијата (1999). Регулативата е проширена во текот на 2005 г. со донесувањето на Законот за заштита на конкуренцијата и со донесувањето на повеќе подзаконски акти од областа на заштитата на конкуренцијата. Со тие промени се изврши усогласување на законодавството во нашата земја со законодавството на ЕУ во таа об-ласт. Согласно со Законот од 1999 г., беше формирана Антимонополска управа, како првостепен орган, додека улогата на второстепен орган му беше доделена на Министерството за економија. Со законската регулатива од 2005 г. се засили правната заштита на конкуренцијата, а Антимонополската управа беше заменета со Комисија за заштита на конкуренцијата. Со новиот закон се уредуваат забранетите облици на спречување, ограничување или нарушување на конкуренцијата, заштитата на конкуренцијата, мерките и постапките во врска со ограничувањата на конкуренцијата. Целта на овој закон е да се обезбеди слободна конкуренција на домашниот пазар заради поттикнување на еко-Национален парк Пелистер номска ефикасност и благосостојба на потрошувачите. Законот за заштита на конкуренцијата се применува на сите облици на спречување, ограничување или нарушување на конкуренцијата што произведуваат дејство на територијата на РМ. Тој се применува на претпријатијата, здруженијата на претпријатија, поврзаните претпријатија, државната управа и на други правни и физички лица на кои им е доверено извршување услуги од општ интерес. Законот не се применува на односите што се уредени со колективни договори склучени меѓу работодавците и синдикатите, ако тие не се дискриминаторни кон други субјекти. Во случаи на злоупотреба на доминантната позиција од страна на физички и правни лица и во случаи на пречекорување на одреден степен на концентрација во гранката, Комисијата за заштита на конкуренцијата донесува решенија за казнени мерки кои се објавуваат во „Службен весник на Република Македонија”. Против решенијата на Комисијата странките можат да поведат управен спор пред надлежниот суд. ИЗВ.: Закон за заштита на конкуренцијата. ЛИТ.: Практикум со Коментар на Законот за заштита на конкуренцијата, Скопје 2005; П. Самуелсон анд Њ Нордхаус, Ецономицс, Еигхтеентх Едитион, МцГрањ-Хилл Интернатионал Едитион, 2005, 350-358. М. С.