ЗАШТИТА НА ДРВОТО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ЗАШТИТА НА ДРВОТО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА – применета научна дисциплина што ја проучува природата на деструкцијата на дрвото во целина предизвикана од ксилофагни инсекти и од епиксилни габи, која изнаоѓа најефикасни и најекономични мерки за сузбивање на факторите предизвикувачи на овој процес. Таа го проучува текот на деструкцијата, ги открива причинителите, ги класифицира, го одредува нивното економско значење и подробно го истражува нивното дејство во услови на одредени географски области и во услови каде што се употребува дрвото. Позначајни ксилофагни инсекти што го оштетуваат и го деструираат дрвото кај нас се: Анобиум пунцтатум Де Геер, Анобиум пертинаџ Л., Лѕцтус линеаруис Гоезе, Бострѕцхус цапуцинус Л., Хѕлотрупес бајулус Л., Стромациум фулвум Вилл., Цаллидум виолацеум Л., Пѕррхидиум сангуинеум и Пхуматодес тестацеус Л., додека епиксилните габи се од родовите: Фомес, Унгулина, Фистулина, Цориолус, Траметес, Полѕпорус, Стереум, Лензитес, Мерулиус, Пориа, Пхеллинус, Армиллариа. Ст. Н.