ЗАВРШНИ ОПЕРАЦИИ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА ЈУГОСЛАВИЈА

ЗАВРШНИ ОПЕРАЦИИ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА ЈУГОСЛАВИЈА (20. Ⅲ – 15. Ⅴ 1945). Завршните операции траеле од почетокот на Сремскиот фронт, до капитулацијата на ГАЕ. Во тоа време НОВЈ се состоела од четири армии, ВВ и ВМ во бројна состојба од околу 800.000 лица. Во борбите во состав на Првата армија на НОВЈ учествувал ⅩⅤ (македонски) корпус на НОВЈ од околу 25.000 војници и офицери (по наредба од 1. Ⅰ 1945) и Македонскиот баталјон „Јане Сандански” од Македонци од Белград и околината во состав на шестата личка дивизија. По пробивањето на Сремскиот фронт македонските единици ја ослободиле Славонска Пожега, а потоа учествувале и во ослободувањето на Загреб. Потоа 42. дивизија била испратена во Босна во борба против четничките и усташките сили, а 48. дивизија ги продолжила борбите кон Целје и Дравоград (Словенија). Во тој период корпусот имал 1.200 загинати и 3.360 ранети и околу 370 исчезнати борци. ЛИТ.: Боро Митровски, Петнаести (македонски) ударни корпус НОВЈ, Београд, 1983. В. Ст.