ЗАБАЗАНОВСКИ РУСКИ, Атанас Прокопиев

ЗАБАЗАНОВСКИ РУСКИ, Атанас Прокопиев (Прилеп, 7. Ⅰ 1925) – првоборец, народен херој, безбедносен и спортски функционер. Татко му бил руски емигрант (донски козак), а мајката Македонка. Завршил трговско училиште, станал член на СКОЈ (1941) и фудбалер на ФК „Гоце Делчев” во Прилеп. По нападот на Прилеп (11. Ⅹ 1941) бил уапсен. Во НОАВМ бил пушкомитралезец на Првата македонско-косовска НОУБ (од октомври 1943). По завршувањето на курсот за скоевски раководители (с. Лисиче, Велешко), бил секретар на СКОЈ на Четириесет и втората (македонска) дивизија на НОВЈ на Сремскиот фронт, а потоа работел во КОС на ЈНА, во СВР и во надворешната трговија. Бил претседател на Столнотенискиот сојуз на Македонија, на Кајакарското друштво „Мирче Ацев” – Скопје и организатор на две кајакарски светски првенства на реките Треска и Радика во спуст и слалом на диви води (1975). Носител е на Партизанска споменица 1941 и прогласен е за народен херој на Југославија (20. Ⅻ 1951). БИБ.: Неспокој, Скопје, 2005.ЛИТ.: Видое Подгорец, Забазановски Прокопија Атанас-Руски (1925), Народни херои од Македонија, Скопје, 1973, 126131; Забазановски Прокопија Атанас-Руски (1925), „Млад борец”, ЏЏЏИИ, 14-15, Скопје, 30. Ⅳ 1975, 16. С. Мл.