ЕЛЕНАЦИ

ЕЛЕНАЦИ (Луцанидае) – крупни тврдокрилни инсекти. Мажјаците имаат развиена горна вилица како еленски рогови, по што го до-биле името. Ларвите и возрасните живеат под кората на стари дрвја, каде што се исхрануваат со растителни сокови. Во светот се познати 900 видови еленаци. Во Европа има претставниЕленче (Луцанус цервус) ци само од родот Луца-нус (7 видови), а во Македонија е познат само еден вид, еленче (Луцанус цервус Л.). Тој е најголем тврдокрилен инсект што достигнува должина и до 8 цм. Живее претежно во дабови шуми, во изгниени стебла. Поради неговото постепено исчезнување, видот во Македонија е заштитен. ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991. В. Т. К. – М. Кр. Обичен елен (Цервус елапхус)