ЕЛЕКТРОИНДУСТРИЈА НА РМ

ЕЛЕКТРОИНДУСТРИЈА НА РМ. Електроиндустријата во Република Македонија може да се подели во два периода. Првиот период е развојот до 1991 г., а вториот по овој датум. Во првиот период позначајни електроиндустриски капацитети се: „ЕМО” од Охрид, „Микрон” од Прилеп, „Раде Кончар” од Скопје, „Селена” од Штип, фабриката за кабли „Неготино” од Неготино, фабриката за фрижидери „Фринко” од Битола и др. Овие фабрики што беа значајни производни капацитети до осамостојувањето на Република Македонија, во транзициониот период се најдоа во незавидна положба. По осамостојувањето на Република Македонија се развиваат голем број мали и средни фирми за производство на електроопрема како што се: „Леов компани” од Велес, значаен број производствени фирми за компјутерска опрема како и некои позначајни компании за производство на уреди за климатизација. М. Чунд.