ЕЛЕЗОВИЌ, Евушка

ЕЛЕЗОВИЌ, Евушка (Штип, 28. Ⅻ 1947) – пијанист. Дипломирала на ФМУ во Скопје (В. Крпан, 1972), каде што и магистрирала (В. Крпан, 1978). Професор е на ФМУ во Скопје од 1985 г. Концертирала како солист и во повеќе камерни состави (Дуо Димитриев-Елезовиќ и др.) во Република Македонија и во повеќе европски земји. Сн. Ч.-Ан.