ЕКОСИСТЕМИ ВО МАКЕДОНИЈА

ЕКОСИСТЕМИ ВО МАКЕДОНИЈА. Поради различните климатско-вегетациски почвени подрачја на копното во РМ, се разликуваат повеќе видови копнени и водени екосистеми, претставени номија, за маркетинг, за финан-Екосистеми во Македонија Планината Караџица со природните езера. Од водните екосистеми најзначаен е екосистемот на Охридското Езеро, кој по својата продуктивност спаѓа во олиготрофни екосистеми, за разлика од Преспанското Езеро, кое е мезотрофен воден екосистем. Под силното антропогено влијание ја зголемува трофијата на своите води и во определени периоди, особено во летниот период, минува во еутроен воден екосистем. Дојранското Езеро е природен воден еутрофен екосистем, кој беше со најголема продуктивност во Европа. Антропогените влијанија придонесоа неговата продуктивност многу да се намали. Копнените екосистеми се различни по големина. Има големи и мали екосистеми. Копнените екосистеми во Македонија се развиваат во 7 вертикални зони со климазонални шумски заедници (Т. Николовски 1965; Ханс Ем 1970, 1974; С. Деков ет алл 1983; 1987, Р. Ризовски 1989, 1993). Во субмедитеранското подрачје се развива екосистемот на дабот прнар и бел габер (Цоцциферо-Царпинетум ориенталис Оберд. еменд Хт). Се развива во Гевгелиско, Валандовско до Демир Капија, потоа во Дојранско и во југозападниот дел на струмичкото подрачје. Се развива на мала надморска височина од 40 до 500 м. Во континентално–субмедитеранското подрачје се развива екосистемот на дабот благун и бел габер (Љуерцо-Царпинетум ориенталис мацедоницум Рудски анд Хт). Во Републикава се развива на големи површини во централниот и во северниот дел, помалку на источниот и најмалку во западниот дел, во источното крајбрежие на Охридското Езеро и во најниските делови покрај ре-ките Црн Дрим и Радика. Во ова подрачје спаѓаат: Повардарието, Демир Капија, Тиквешко, Велешко и Скопска Котлина, котлината околу реката Пчиња, долниот тек на Црна Река, до влезот во Пелагонија, околу реката Брегалница, Овчеполско, Штипско, Кочанско и Кривопаланечко, дел од Злетовско, околу реката Струмешница, Радовишко и Струмичко и реката Треска до Македонски Брод од Поречието. Во субмедитеранското топло континентално подрачје се среќаваат рефугиални фитоценози со многу реликтни и ендемски видови. Во топлоконтиненталното подрачје се развива екосистемот на плоскачево-церовиот дабов екосистем (Љуерцетум Фраинетто -церрис мацедоницум Оберд. еменд Хт). Поголем дел од овој екосистем се наоѓа во Западна Македонија: Полошко, Кичевско, Дебарско, Белчишко, Издеглавско, Струшко, Охридско, Преспанско и Пелагониската Котлина. Мал дел се јавува во Кривопаланечко, Кратовска и Делчевска Котлина. Се развива на надморска височина од 400 до 850 м. Ладното континентално подрачје го зафаќа екосистемот на дабот го-рун (Орно-Љуерцетум петраеа Ем). Покрива појас од 200 м, заземајќи ја надморската височина од 900 до 1.100 м, веднаш над екосистемот на плоскач и цер. Тој е последен појас од дабовиот регион, кој се развива на силикатна подлога. Во подгорското континентално планинско подрачје се развива екосистемот на подгорска букова шума (Фестуцо хетеропхуллае – Фагетум Ем). Се развива како појас по сите македонски планини, на надморска височина од 1.100 до 1.300 м. Зафаќа широка зона и покрива големи површини. Во него се наоѓа и најголемата дрвна маса, а екосистемот во вегетацијата се развива без сушен период. Условите се супхумидни, поволни за развој на буковите и на буковоеловите екосистеми. Тие се климазонални и мезофилни. Горскоконтиненталното планинско подрачје во Македонија го населува екосистемот на горска букова шу-ма (Цаламинтхо грандифлорае – Фагетум Ем). Се развива во сите делови на РМ, над зоната на подгорската бука во широк појас од 1.300 до 1.650 м надморска висина, на подлога од компактни силикатни и карбонатни стени. Во овој екосистем доминира буката, спречувајќи го развојот на другите дрвја. Затоа и елата слабо напредува. Во горскиот појас се среќава и буково-еловиот екосистем (Абиети -Фагетум мацедоницум Ем), во Мавровско, планината Ниџе, Високи Чуки на Кожуф, Галичица и на Бистра, Јакупица и Пелистер. Екосистемот на чисти елови шу-ми (Фаго – Абиететум мередионале Ем) е екстремно ацидофилен. Субалпиското планинско подрачје е највисокиот појас на шумска вегетација и го населува екосистемот на (Фагетум субалпинум Сцардо – пиндицум (Хт Трег)Ем). Овој екосистем се развива на сите планини во Македонија, повисоки од 1.650 м надморска висина. Тој е продолжение на горскиот буков појас, но се разликува по својата висина и по деформитетите поради неповолните климатски услови. Во ова подрачје е екосистемот на моликовите шуми со боровинки (Мѕртиилло – Пинетум пеуцис субалпинум Ем). Се развива на силикатна подлога на каменести почви на планината Пелистер. Од екосистемот на муниката (Пинион хелдреицхии Хт) се останати само траги на масивот на Галичица врз варовничка подлога. Екосистемот на субалпски смрекови шуми (Пицетум субалпинум сцардицум Ем) се јавува на мали површини (на шар Планина), се развива на 1.700–2.000 м надморска висина, како чисти шуми или во заедница со елата. Екосистемот на кривуљот (Пинетум мугхѕ мацедоницум (Хт)Ем се развива на највисокиот Научниот совет на Институтот за биологија, Скопје дел од субалпскиот појас на планината Јакупица и на мали остатоци на шар Планина до 2.500 м надморска висина. Се развива на силикатна и карбонатна подлога, поради што се јавува во две варијанти (силицицолум Ем и цалцицолум Ем). Во алпско планинско подрачје се развиваат високопланински климазонални тревести екосистеми на планините: Кожуф, Ниџе, Баба со Пелистер, Дешат, Кораб, шар Планина и Јакупица. На карбонатни стени се развива екосистемот на Едраиантхето – Хелиантхемум алпестрис Хт на плитки почви, а на подлабоки почви екосистемот на Трифолиум норици-Царицетум и Едраиантхето – Елѕнетум Хт. Врз силикатна подлога се развива екосистемот на Диантхо сцардици – Фестуцетум(хелери) Хт, а на гребените со силен удар на ветровите екосистемот Лино – Сеслериетум Хт. Љ. Гр.