ЕКОЛОШКА МРЕЖА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ЕКОЛОШКА МРЕЖА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА – дел од европската еколошка мрежа (ПЕЕМ – Паневропска еколошка мрежа; ПЕЕН – Пан Еуропеан Ецологицал Нетњорк; Натура 2000). Произлегува од Конвенцијата за биолошката и за пределската разновидност (ООН, 1992). Се засновува на заштитата на природните хабитати, флората и фауната, со воспоставување природни врски меѓу нив. Обезбедува одржување на биолошката разновидност, заштитувајќи драгоцени и единствени екосистеми или видови, конзервирајќи ги природните аспекти и чувајќи ги ранливите екосистеми или видови над критичното ниво. Претставува значајна основа при подготовката на просторните, урбанистичките и другите развојни планови. Владата на Република Македонијаја утврдува еколошката мрежа и дава насоки за управување со неа. С. Х. П.