ЕВТИМОВ, Александар (Битола, 1874 – Софија, 1939) – учител, публицист, преспански и прилепски војвода на ТМОРО. Бил учител во с. Буф, Леринско, (1895-1896) и раководител на Леринскиот револуционерен округ на ТМОРО, учител во Битола (1899-1900) и член на Месниот комитет и на Окружниот револуционерен комитет на ТМОРО (1900). Преминал во илегалство (1. Ⅳ 1903) и учествувал во Илинденското востание како началник на Горското начелство за Буфскиот револуционерен реон. Продолжувајќи ја поранешната обединета Внатрешна револуционерна организација. БИБ.: Преспанскиџт војвода Петљр Христов–Герман=ето,„Илустрациџ Илинден”, Но 6, Софиџ, 1927/1928, 15–16; Организациџ и подготовка на В.М.Р.О. в Битолскиџ вилает, „Македонски вести”, Но 25 и 26, Софиџ, 1935, 3–5. ЛИТ.: Спомени и биографии на илинденци, Битола, 1993. С. Мл.