ЕВРОПСКИ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА И РМ

ЕВРОПСКИ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА И Република Македонија– меѓународна правосудна институција основана со Европската конвенција за основните слободи и човекови права (3. XI 1950 – 3. IX 1953). Република Македонијаја потпишува на 9. XI 1995 г., ја ратификува на 10. Ⅳ 1997 г. и на истиот датум стапува во сила. Судот е надлежен за сите прашања од нејзиното толкување и применување. Прифаќањето на задолжителната надлежност на Судот е претпоставка за членство на Република Македонијаво Советот на Европа. 80% од вкупната бројка случаи во Република Македонијапроцесуирани пред Судот се повреди на член 6 (1) од Конвенцијата – повреда на правото на фер судење (судење во разумен рок). ИЗВ.: Министерство за правда на РМ, Скопје, 2006.ЛИТ.: Татјана Петрушевска, Реформа на надзорниот систем на Европската конвенција за човекови права, „Дијалог”, бр. 14/1997. Т. Петр.