ЕВРОПСКИ ПРВЕНСТВА ВО БОРЕЊЕ

ЕВРОПСКИ ПРВЕНСТВА ВО БОРЕЊЕ. Едно првенство во слободен стил за сениори е одржано во Скопје (1968), на кое настапиле околу 90 борачи од 18 земји. Репрезентацијата на Југославија ја сочинувале само борачите од Македонија. Најдобро пласираните биле: Борче Димовски и Симеон шутев, а освоиле четврто место, со што се здобиле со право да настапат на Олимписките игри во Мексико (1968). Потоа, Европското првенство во борење слободен стил за младинци е одржано во Радовиш (1998), на кое настапиле околу 150 борачи од 23 земји. Марјан Наумов и Јонче Ивановски освоиле трето место. Исто така, Европското првенство во борење слободен стил за кадети е одржано во Скопје (2003), на кое настапиле повеќе од 180 борачи од 25 држави. Дејан Богданов освоил второ место. Ф. Ѓ.