ДУЌАНЏИК ЏАМИЈА

ДУЌАНЏИК ЏАМИЈА (Скопје, ⅩⅤ в.) – верски објект. Изградена Дуќанџик џамијата во Скопје од Муслихудин Абдул Гани ел Мадини, познат како Муезин оџа ел Гани, поради што џамијата би-ла позната и под името Муезин оџина џамија. Името Дуќанџик го добила по чаршијата Дуќанџилер, која се наоѓала во нејзина непосредна близина. Била еднопросторна куполна џамија со трем, со две помали куполи. Претрпела големи оштетувања во земјотресот од 1963 г., денес е целосно об-новена.ЛИТ.: Лидија Кумбараџи–Богоевиќ, Османлиски споменици во Скопје, Скопје, 1998; Еѕице Семави, Üскüп’де тüрк деври есерлери. Тüрк кüлтüрüнü араþт›рма Енститüсü, Тüрк кüлтüрü саѕ› лл, Анкара, 1963; Мехмед Мехмедовски – Хасан Калеши, Вакуфнамата на Хава, ќерката на Етхем Челеби од Скопје, Зборник (1955–1956), кн. И, Археолошки музеј, Скопје, 1956. Др. Ѓ.