ДРВЕНИЦА, ГРБНОПЛИВАЧКА

ДРВЕНИЦА, ГРБНОПЛИВАЧКА . (Нотонецта глауца Л.) – полутврдокрилен инсект. Водна дрвеница (тавтабита). Има долги и влакнести задни нозе со чијашто помош плива карактеристично – грбно. Усниот апарат е претставен од рилка, чиј убод е болен, слично како убод од пчела. Во Македонија е позната како голема грабливка; се храни со ситни риби и инсекти. Ги населува претежно барските води низ цела Европа. ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991. В. Т. К. – М. Кр.