ДРАГОВИТСКА Другувитска епископија (IX в.) – во Јужна Македонија на територијата северозападно од Солун населена од племето Драговити, седиштето е непознато. Нејзиниот епископ Петар учествувал на Црковниот собор во Цариград (879). Во Ⅻ и ⅩⅠⅠⅠ в. се спомнува и еретичка другувитска црква. ЛИТ.: Т. Томоски, Записи за Драгувитите во Македонија, Македонија низ вековите, Скопје, 1999. К. Аџ.