ДОШНИЦА

ДОШНИЦА – десна притока на р. Бошава. Извира под врвот Зелен Брег на планината Кожуф, на н.в. од 1.900 м, а во Бошава се влива на н.м.в. од 150 м. Долга е 38,5 км, има вкупен пад од 1.750 м и просечен пад од 45,5‰. Сливот зафаќа повр2 шина од 193,4 км . Водите од оваа река се користат за производство на електрична енергија во хидроцентралата „Дошница”. Др. В. ДРАГАНОВ МИНЕЈ – македонски ракопис од ⅩⅠⅠⅠ в. Во РНБ – поранешна Публична библ. во Санкт Петербург има само 3 л., сигн. ЉнИ 40 (од зб. на Порфириј Успенски), што се извлечени од ракописот на Зографскиот манастир на Атос бр. 85, каде што се чуваат уште 219 пергаментни листови. Името го носи по записот на крајот од службите за март дека ракописот го пишувал некојси Драган. Текстот е пишуван со ситно уставно писмо. Над редовите на повеќе места има киноварни нотни знаци. Особено раскошна е неговата илумунација, што значи дека е пишуван во голем и богат скрипторски центар. В. Д. ДРАГАНОВ, Петар Даниилович