ДОРЕВ, Аце

ДОРЕВ, Аце (с. Пателе, Леринско, 1871 – Битола, 19. XI 1941) – член на Задграничното претставништво на ЦК на МРО, книжар, касиер на Битолскиот ОРК. Прогимазиско образование завршил во Битола. Член е на ТМОРО од 1897 г. Во Илинденското востание го раководел Информативното биро на Главниот востанички штаб со седиште во Битола. Ја подготвил информацијата за почетокот на Востанието и ја доставил до ЦК на ТМОРО во Солун и до Задграничното претставништво во Софија. Во текот на 1907 и 1908 г. бил задграничен претставник. Бил затворен и испратен на заточение во Мала Азија (1910). Од заробеништво бил ослободен 1913 г. Потоа, до крајот на животот, живеел главно во Битола. ИЗВ. иЛИТ.: В. „Пелистерско ехо”, бр. 33, Битолџ, 1942; Освободителното движение в Македони® и Одринско. Спомени и материали, Ⅰ, с. ⅩⅪ, Ⅱ, с. Ⅻ Софи®, 1983. Ал. Тр.