ДИМИТРОВСКИ, Зоран

ДИМИТРОВСКИ, Зоран (Скопје, 9. Ⅲ 1936) – виолинист. Виолина учел во Скопје, Љубљана (К. Рупел) и во Москва (Б. Е. Кузнецов). Работниот век го започнал како професор во Средното музичко училиште во Скопје (1959– 1961). Станал концерт-мајстор на Македонската филхармонија (од 1963 г.) и е еден од првите професори на Високата музичка школа (формирана 1966, подоцна ФМУ). Бил прв виолинист на Камерниот оркестар на Македонската радиотелевизија и на Македонскиот камерен оркестар. Настапувал како солист во повеќе земји во светот. Особено значаен е неговиот придонес на педагошки план, од чија класа се излезени голем број виолинисти меѓу кои солисти на концертниот подиум кај нас и во странство. Б. Орт.