ДИМИТРОВА, Ратка

ДИМИТРОВА, Ратка (Скопје, 7. Ⅳ 1940) – виолинистка, унив. професор, пратеник. Вниманието на музичката јавност го свртува на единаесетгодишна возраст, кога го има својот прв јавен настап. Дипломира (1963) на Музичката академија во Љубљана (Л. Фајфер), а постдипломски студии завршува (1971) на Московскиот конзерваториум (Ј. Јанкелевич). Остварила богата концертна активност, настапувајќи во Македонија и во повеќе земји низ светот. Во текот на кариерата развила педагошка дејност како професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Б. Орт. Љупка ДимитровскаКалоѓера