ДИЈАДОСИ

ДИЈАДОСИ – наследници на Александровото царство; соборци на Александар Ⅲ Македонски, кои по неговата смрт (323 г. пр.н.е.) владеат во одделни делови на Царството. Сите славни војсководци во Александровата војска: Пердика, Кратер, Антипатар, Птолемај, Антигон, Лисимах, Еумен, Селевк, Полиперхонт, Касандар (син на Антипатар), Деметриј (син на Антигон) и Пир, освен Лисимах и Пир, се Македонци. Во почетокот Антипатар, како најстар и највлијателен, бил стратег на Европа; две години по смртта на Александар, Пердика и Кратер биле носители на највисоката власт; Антигон ги повелал војските во Азија; Птолемај го владеел Египет. Карактеристични се борбите на дијадосите за превласт, кои траеле еден век, по кои се формирале три големи кралства: Птолемаидите во Египет, Селевкидите во Азија и Антигонидите во Македонија.ЛИТ.: Ф. Папазоглу, Историја на хеленистичкиот период, Скопје, 1995. А. шук.