ДЕТСКИ ГРАДИНКИ

ДЕТСКИ ГРАДИНКИ -. вид предучилишни установи. Особено интензивен развиток доживуваат по ослободувањето на Македонија. Дејноста на детските градинки се состои во згрижување, престој, нега, исхрана, воспитание и образование, спортскорекреативни и културно-забавни активности, мерки и активности за подобрување и зачувување на здравјето и за поттикнување на интелектуалниот, емоционални-Активности во детската градинка „Пинокио” от и социјалниот развој на детето до 6–годишен живот, односно до вклучувањето во основното образование. Работата на детските градинки се организира според возраста на децата, по правило, во хомогени групи. Плановите и програмите за воспитно-образовната работа ги донесува министерот за труд и социјална политика, по предлог на научна или специјализирана стручна установа. Според времетраењето, детската градинка реализира програма за целодневен престој (од 8 до 11 часа) и за полудневен престој (од 4 до 6 часа). Може да биде организирана како јавна (општинска) и приватна детска градинка. Со јавната детска градинка раководи уп-равен одбор составен од претставници на основачот (3), родителите (2), установата (1) и Министерството (1). Дејноста на детските градинки е регулирана со Закон за заштита на децата (2000) (в. Предучилишни установи; Предучилишно воспитание и образование во Македонија). ЛИТ.: К. Камберски, Од буквар до универзитет, Скопје, 1994. К. Камб.