ДЕСПОДОВА, Вангелија (с. Галишта, Костурско, 16. Ⅰ 1941) – филолог, научен советник во Институтот за старословенска култура од Прилеп (во пензија). Како дете-бегалец десет години живеела во Чехија (1948-1958), каде што завршила основно образование и класична гимназија. По до-аѓањето во Скопје (1958), дипломирала на Катедрата за славистика на Филолошкиот факултет во Скопје (1963). На истиот факултет магистрирала на тема „Лексиката на Добромировото евангелие” (1973), а потоа и докторирала на тема „Јужнословенскиот полн апракос” (1981). Подолго време била асистент, научен и виш научен соработник во Институтот за македонски јазик во Скопје (1964-1986), а потоа научен советник (1986-2003) и директор (1992-2001) на Институтот за старословенска култура во Прилеп. Повеќе години била лектор на Семинарот за македонски јазик, литература и култура во организација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, а една година и лектор по македонски јазик на Летната школа на Универзитетот во Загреб. Била член на Македонскиот славистички комитет (1983-1993), член на Балканолошкиот совет при МАНУ и член на Редакцијата на сп. „Балцанославица”. Има објавено околу 160 научни и стручни трудови, од кои 15 монографии (самостојно или како коавтор). БИБ.: Лексиката на Добромировото евангелие, „Македонистика”, 1, Скопје, 1977, 5–96; Речник на македонските црковнословенски текстови, пробна свеска, Скопје, 1978 (со коавтори); Македонски писмени споменици во ленинградските библиотеки, „Македонистика”, 3, Скопје, 1984, 3–61; Руско-македонски разговорник, Скопје, 1992; Индекс кон Речникот на македонските библиски ракописи, „Македонистика”, 4, Скопје, 1985, 31–460 (коавтор и редактор); Македонски средновековни ракописи, И–Избор, Прилеп, 1988 (со коавтор); Григоровичево евангелие бр. 9, Македонски средновековни ракописи, Ⅱ, Прилеп, 1988; Ру-ско-македонски разговорник, Скопје, 1992; Добромирово евангелие, т. Ⅱ, Македонски средновековни ракописи, Ⅲ, Скопје-Прилеп, 1992 (со коавтор); Карпинско евангелие, Македонски средновековни ракописи, ИВ, Прилеп– Скопје, 1995 (редактор и коавтор); Студии за македонската средновековна лексика, Скопје-Прилеп, 1997; Старословенскомакедонски речник со грчки паралели (редактор и коавтор со Соња Новотни, Елка Јачева–Улчар и Марија Чичева– Алексиќ), Прилеп-Скопје, 1999; Студии за македонското средновековно книжевно наследство, Прилеп-Скопје, 2000; Трескавечки еухологиум, Македонски средновековни ракописи, Ⅵ, Прилеп, 2000 (редактор и коавтор); Македонски средновековни ракописи, Избор, Ⅱ, Прилеп-Скопје, 2003; Пролог бр. 72, Македонски средновековни ракописи, Ⅷ, Прилеп-Скопје, 2006 (редактор и коавтор). С. Мл. М. Деспотов, резба во Јени-џамијата во Дебар (ⅩⅠⅩ в.)