ДЕПОРТАЦИЈА НА ЕВРЕИТЕ ОД ВАРДАРСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

ДЕПОРТАЦИЈА НА ЕВРЕИТЕ ОД ВАРДАРСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА (1943). Пред крајот на 1942 г. биле завршени подготвителните активности за физичкото ликвидирање на македонските Евреи. Сиот имот на еврејските општини во Македонија (Скопје, Битола и Штип) бил конфискуван во полза на бугарската држава. Во текот на јануари 1943 г. било ограничено нивното двиДепортација на Евреите од Македонија (1943) жење. На 22. Ⅱ 1943 бил потпишан договор меѓу Александар Белев, комесарот на Комесарството за еврејски прашања при МВРНЗ во Софија, и Теодор Данекер, специјалист по еврејското прашање за „иселувањето” на 20.000 Евреи од Македонија и Беломорието, при што биле прецизирани и сите фази на депортацијата. На 11. Ⅲ 1943 г., во Скопје, Битола, Штип и во другите градови на Македонија со помали еврејски заедници, започнало собирањето на Евреите и нивно транспортирање во Привремениот концентрационен логор во Монополот во Скопје. На 15 март 1943 г. во логорот имало 7.240 Евреи. Пред депортацијата од логорот биле ослободени 166 лица, според критериумот: лекари, аптекари и странски државјани. На 22, 25 и 29. Ⅲ 1943 г., 2.150 семејства, со вкупно 7.148 члена, во три транспорта, биле упатени во логорот на смртта Треблинка 2 во Полска. ИЗВ.: ДАРМ, Фонд: Комесарство за еврејски прашања-КЕП; Еврејска општина; Жамилка Колономос – Д-р Вера Весковиќ–Вангели, Евреите во Македонија во Втората светска војна 1941–1945. Зборник на документи, И и Ⅱ, Скопје, 1986. В. В. -В.