ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА НА АЛБАНЦИТЕ

ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА НА АЛБАНЦИТЕ -. политичка партија на етничките Албанци во РМ, формирана во 1997 г., како конкурент на ПДП. ДПА е создадена со обединување на Партијата за демократски просперитет на Албанците од 1994 г. и на Народната демократска партија, формирана во 1990 г. На парламентарните избори (1998) г. освојува 16 пратенички места и формира коалициона влада со ВМРО-ДПМНЕ и со Демократската алтернатива. На парламентарните избори од 2002 г. освојува седум пратенички места и заминува во опозиција. На парламентарните избори од 2006 г. освојува 11 пратенички места и станува коалиционен партнер во Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Лидер на ДПА е Арбен Џафери, а од 2007 г. е Мендух Тачи. ЛИТ.: Светомир Скариц, Демоцратиц Елецтионс ин Мацедониа, 1990 – 2002, Берлин, 2005; Гордана Силјановска-Давкова, Македонске политицке партије кроз призму идеологије, Београд, 2007. Ѓор. И.