ДЕМИРЕВ, Стефан

ДЕМИРЕВ, Стефан (Плевен, Бугарија, 15. Ⅹ 1917 – Скопје, 15. Ⅹ 1968) – оперски певец, баритон. Пеење учел приватно кај проф. К. Трпков. Во Операта на МНТ (1948-1968) во почетокот е како член на хорот, а неколку години подоцна како солист. На оперската сцена на МНТ остварил повеќе од 40 улоги од кои поголеми и позначајни се: Бартоло (Севилскиот бербер), Дон Пасквале во истиомената опера, Големиот инквизитор (Дон Карлос), Мајкл (Пајажина), Прв свештеник (Волшебната флејта), Началник (Аналфабет). Самостојно гостувал во Белградската опера. Посебно бил успешен во креирањето на комични улоги. Ф. М.