ДЕМА, Галип (с. Омежи, Албанија, 27. Ⅳ 1919) – правник, општественик и државник. Дипломирал на Правниот факултет во Бел-град. Пред Втората светска војна се вклучил во револуционерното движење и бил учесник во НОАВМ. Носител е на Партизанска споменица 1941. По Ослободувањето бил повереник на околиски и на окружен народен одбор за внатрешни работи, просвета и финансии, претседател на општински суд, судија на окружен суд и републички секретар за правосудство на НРМ. Исто така, бил член на Околискиот и секретар на Општинскиот одбор на СЗБНОВ, претседател на Околискиот одбор на Црвениот крст, член на Управата на Здружението на правниците на Македонија, член на Претседателството на Републичкиот одбор на СЗБНОВ и судија на Уставниот суд на Македонија. БИБ.: Нацистичко средновековие. „Оковани во пранги”, Скопје, 1981, 66–68. С. Мл.