ДЕКОРАТИВНИ ПОЛЗЕЧКИ ГРМУШКИ

ДЕКОРАТИВНИ ПОЛЗЕЧКИ ГРМУШКИ – се користат за заштита од силна инсолација, бучава, прашина и сл. Лесно се одгледуваат, се размножуваат и се отпорни на болести и штетници. Поради тие особини се употребуваат за озеленување фасади, згради или слепи ѕидови, за маскирање фабрички ѕидови, но најчесто се користат на метални огради, порти, столбови, на тераси итн. Во градовите и во туристичките населби во Македонија, се афирмирани околу 10 вида. Партхеноциссус љуинљуифолиа, (Л) Планцх – листопадна грмушка што расте до 20 м должина. Листовите се декоративни, кои се дланковидно поделени, а наесен добиваат црвена боја. Таа многу добро поднесува градски услови и индустриска загаденост. Се користи за озеленување фасади и суви ѕидови во парковите. Потекнува од Северна Америка. Партхеноциссус трицуспидата (СетЗ) Планцх – листопадна грмушка што израснува до 15 м должина. Листовите се декоративни, по работ засечени на три лапови. Наесен поцрвенуваат. Во Македонија ретко се среќава, а не е отпорна на ниски температури. Потекнува од Кина и Јапонија. Се употребува за маскирање и за декорирање фасади и ѕидови. Хедера хелиџ (Л) – зимзелена грмушка што достигнува до 30 м. Листовите се декоративни, триаголни. Сенкоподнослив вид, кој не поднесува остри зими. Автохтон вид што се користи за озеленување, за декорација и за маскирање ѕидови. Хедера цолцхица Ц Кох – зимзелена грмушка што расте до 30 м. Листовите се декоративни, дебели, месести, сјајни, плитко триделни или тркалезни. Потекнува од Кафказ. Служи за декорација. Цампсис радицанс (Л) Сеем – листопадна грмушка што расте до 15 м должина. Цветовите се декоративни. Тие се крупни, трубести, кадифено-црвени, собрани по повеќе заедно. Листовите се непарно-перести. Потекнува од Северна Америка. Се употребува за маскирање и за декорација на порти, на метални огради, на ѕидови итн. Лоницера цхиненсис Њатс (анамска рака) – листопадна ползечка грмушка што достига до 6 м должина. Цветовите се декоративни, двоусни, горната е жолта, а долната усна е со бела боја. Има јак пријатен мирис. Листовите се спротивни и прости. Потекнува од Кина, Кореја и Јапонија. Се употребува за декорација на огради. Цлематис џ јацкмании Тхемооре – листопадна ползечка грмушка што расте 3–5 м должина. Цветовите се декоративни, темновиолетови со пречник 10–15 цм, составени од 4 цветни ливчиња собрани по три заедно. Хибриден вид, кој најчесто се употребува за декорација на столбови на тераси. Њистериа цхиненсис (Симс) Сњеет – листопадна ползава грмушка што расте до 20 м должина. Цветовите се декоративни, светловиолетови по боја, собрани во гроздести соцветија. Листовите се непарно-перести, долги 25–30 цм. Потекнува од Кина. Се употребува за декорација на перголи, на стреи, на сеници. Полѕгонум аубертии Л. Хенрѕ – листопадна ползечка грмушка што расте до 15 м. Соцветијата се декоративни. Тие се бели, големи метлици изградени од многубројни ситни цветчиња. Потекнува од Кина. Се употребува за покривање на перголи, на стреи, на бесетки итн. Ацтинидиа цхиненсис Планцх – листопадна ползава грмушка што расте до 8 м должина. Листовите се тркалезни, целокрајни, а цветовите се крупни, бели до кремасти по боја. Поднесува ниски температури во Скопје и појужно. Потекнува од Кина. Се одгледува поради плодот – киви. Како декоративна грмушка се употребува за покривање на перголи и на стреи. Р. Р.