ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СОСТОЈБИТЕ НА ДЕЛ ОД СЕВЕРНАТА ГРАНИЦА НА Република МакедонијаКОН СР Југославија

ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СОСТОЈБИТЕ НА ДЕЛ ОД СЕВЕРНАТА ГРАНИЦА НА Република МакедонијаКОН СР Југославија – акт на Собранието на Република Македонија(29. Ⅴ 2002) усвоен како реакција на Резолуцијата на Привременото собрание на Косово (23. Ⅴ 2002) за непризнавање на Договорот за протегање и опис на границата со кој се отфрла Резолуцијата, а се потенцира јасната определба на Советот за безбедност на ОН (22.В 2002), која го реафирмира ставот на ОН дека Договорот за границата меѓу Република Македонијаи СР Југославија мора да биде почитуван и, во таа насока, се поддржуваат напорите на Специјалниот преставник на Генералниот секретар на ОН за Косово и на Европската унија која, загрижена за ситуацијата, бара од членовите на Собранието на Косово да ја почитуваат Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН и уставната рамка за привремена самоуправа. ИЗВ.: Декларација за состојбите на дел од северната граница на Република Македонијакон СРЈ, „Службен весник на РМ”, 37/02; ЛИТ.: Татјана Петрушевска, Проблематизирање на Меѓудржавниот договор за делимитација, „Пулс”, Скопје, 31.В 2002. Т. Петр. Факсимил од Декларацијата за сувереноста на СРМ, донесена од собранието на Република Македонија(25. Ⅰ 1991)