ДЕДЕЛИ

ДЕДЕЛИ – ВАЛАНДОВО – некропола од железното време, со повеќе групи гробови од Ⅶ и од Ⅵ в. пр.н.е., распоредени на разни локации околу денешното село Дедели. Од 1978 до 1986 г. се вршени систематски истражувања на групацијата гробови во месноста Мелезник. Испитани се вкупно 120 гробови, само оние со инхумирани покојници, положени во испружена положба, во конструкции (најмногу цисти од камени плочи), но и во поединечи гробови – питоси. Според стандардизираните и богати гробни прилози (карактеристична окер печена керамика работена на витло, култни бронзи, бронзен накит и железно оружје и орудија), некрополата била во употреба најмногу од втората половина на Ⅶ в. до почетокот на Ⅵ в. пр.н.е. Припаѓала на економски и културно моќна и добро организирана заедница во рам-ките на т.н. Долновардарска културна група од железното време. ЛИТ. : Д. Митревски, Дедели – некропола од постаро железно време, Скопје, 1991. Др. М.