ДЕБРЕЦ

ДЕБРЕЦ (Девра) – средновековен град/тврдина и епископија, на ок. 18 км западно од Калјари, на ридот Куклу, кај денешното с. Дебрец (Анарахи). Никифор Грегора забележал епископ на Девра, потчинет на Охридската црква (ⅩⅣ в.), а Јован Кантакузин гратче Девра (ⅩⅣ в.). Хаџи Калфа го посочил Дебрец како седиште на кадија и пазарно место (ⅩⅤⅠⅠ в.). ЛИТ.: Т. Томоски, Две амбории на македонските Дебри, Македонија низ вековите. Градови, тврдини, комуникации, Скопје, 1999. Б. Петр.