ДЕБАРЦА

ДЕБАРЦА – котлина во западниот дел на РМ. Се наоѓа помеѓу Илинска и Плакенска Планина од исток и Стогово и Караораман од запад. Зафаќа површина од 368 км². Низ средината на Дебарца води магистралниот пат М–4 кој ја поврзува на југ со Охрид и Струга, а на север со Кичево и Скопје. Се дели на Северна, Средна и Долна Дебарца. Геолошкиот состав го прават филитоидни метаморфити, карбонатни и магматски карпи како и езерски, алувијални, делувијални и моренски седименти. Климата е умереноконтинентална. Реката Сатеска претставува главна одводна артерија на целото подрачје. Во Дебарца постојат 24 селски населби, сите населени со Македонци. Централна населба е Белчиште, а најголемо село е Велмеј. Цела Дебарца е зафатена од силен миграционен бран, па бројот на населението денеска во голема мера е намален. Така, додека во 1961 г. во Д. живееле 11.332 ж., во 2002 г. тој број е намален на 2.940 ж. Најголем број од мигрантите се преселил во Охрид. Населението се занимава со одгледување житни култури и со сточарство. ЛИТ.: М. Маџевиќ и Д. Василевски, Просторно-популациски карактеристики на населбите од Дебарца, „Годишен Збор-Дебарското Езеро (шпилје) ник на Институтот за географија, при ПМФ”, кн. 35–36, Скопје, 2001; С. Томић, Дебарца, „Братство”, књ. ЏЏИИ, Нови Сад, 1923. Ал. Ст.