ДАНИИЛ МОСКОПОЛСКИ

ДАНИИЛ МОСКОПОЛСКИ (Михаил Адами Хаџи Москополски) (ⅩⅤⅠⅠⅠ в. – ?) – свештеник, даскал, книжевник и лексикограф. Ја напишал книгата „Начално учение” („Воведно учење”), на грчки јазик, со лексикон под наслов „Четиријазичник” со зборови и реченици на грчки, аромански (влашки), македонски и на албански јазик. Зборовите на сите јазици се пишувани со грчкото алфавитно писмо, а македонскиот текст е пишуван на охридскиот говор од крајот на ⅩⅤⅠⅠⅠ в. Првото издание го реализирал самиот автор во Венеција (1802), второто англискиот патеписец Вилијам Мартин Лик во Лондон (1814), а четвртото издание било отпечатено во 1841 г. во солунската печатница на Теодосиј Синаитски под наслов Книга за научение трих јазиков. ЛИТ.: Харалампие Поленаковиќ, Никулците на новата македонска книжевност, Скопје, 1973; Д. Пандев, А. Пољоска и М. Марковиќ, Четиријазичникот на Даниил, Скопје, 2006; Александ„р Ничев, „Четириезичния речник” на Данаил (гр„цка и б„лгарска част), София, 1977. И. Вел.