ДАВЧЕВ, Данчо

ДАВЧЕВ, Данчо (Скопје, 9. Ⅳ 1949) – ред. проф. по информатика на ЕТФ во Скопје и раководител на Центарот за далечинско образование. Дипломирал на ЕТФ во Белград (1972), со звање „Доцтор Ингениеур” се здобил на Универзитетот во Орсеј, Париз (1975), а докторирал на ЕТФ во Белград (1981). Престојувал на Универзитетот во Калифорнија, Сан Диего (САД) во 1984/85 г. Неговата студија „А Дѕнамиц Вотинг Сцхеме ин Дистрибутед Сѕстемс” е презентирана во ИЕЕЕ Транс. он Софтњаре Енгинееринг (1989). Ја објавил книгата „Мултимедиа Сѕстемс”. Има објавено повеќе од 150 трудови на конференции и во списанија. Др. М. Пенчо Давчев