ГУШЛЕВ-ГУЧО, Христо

ГУШЛЕВ-ГУЧО, Христо (с. Косинец, Костурско, 1869 – меѓу селата Оштима и Трново, Костурско, IX 1904) – учесник во Илинденското востание, костурски војвода. Завршил основно образование. Бил член на ТМОРО од 1899 г. Во Илинденското востание предводел чета. По востанието се засолнил во Варна (Бугарија). Летото на 1904 г. се вратил во Костурско. Загинал во борба со грчките андарти. ЛИТ.: Бистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919. Ал. Тр.