ГУЧЕВА, Богиња Владиславова (Куманово, 30. Ⅲ 1927 – Скопје, 8. Ⅷ 2005) – интернист-ревматолог, проф. на Мед. ф. во Скопје. Дипломирала на Мед. ф. во Бел-град, а специјализирала интерна медицина во Скопје. Повеќе години работела на Одделот и Клиниката за нефрологија и учествува-Богиња Гучева ла во воведувањето лекување со хемодијализа. Професионалниот живот го продолжила на Клиниката за ревматологија како нејзин соосновач (заедно со проф. Д. Арсов) и долгогодишен директор. Воведува поголем број методи за дијагноза и терапија на ревматолошки болести. Бр. Н.