ГУТЕВСКИ, Наум Махов (Крушево, 21. Ⅳ 1928 – Скопје, 20. Ⅵ 1996) – спец. по судска медицина, експерт за хумана серогенетика, редовен проф. на Мед. ф. (1988). Дипломирал медицина во Скопје (1957) и докторирал во Белград на тема за застапеноста на хаптоглобинските типови во Македонија и примената на хаптоглобинскиот систем во форензичната медицина (1979). Се усовршувал во Марибор и во Берлин. Публикувал над 80 труда. Бил директор на Институтот за судска медицина и криминалистика, шеф на Катедрата за судска медицина (1972-1988) и член на Меѓународната академија за судска и социјална медицина. ЛИТ.: Артифицес Медицинае Мацедоници, Скопје, 2001. К. К.-П. Зоран Гучев