ГУЛИ, Никола (Крушево, 1901 – Ниш, 15. IX 1923) – велешки и крушевски војвода. Син на војводата Питу Гули. Завршил гимназија во Софија. По враќањето во Македонија бил терорист и четник на ВМРО, а подоцна војвода во Велешко и во Крушевско. Предаден и фатен од српските власти во возот на релацијата Белград–Скопје, бил стрелан во Ниш. ИЗВ. иЛИТ.: ЦДА, ф.: 396, оп. 2, а. е., 18, лл. 22-34; К. Топузовски, Питу Гули (1865– 1903) – Живот и потоа, Скопје, 2003. Ал. Тр. Гули Питу