ГУГУТКА

ГУГУТКА (Туртур рисориус) – сакана и почитувана птица во дворот. Според народните верувања, некогаш била човек, но од жал за умрениот брат, од тага се сторила гугутка, со црн превез на вратот, па нејзиното убивање се смета за голем грев. Во народната поезија таа е известувач на вљубените дека се разденило, гуга по рамните дворови или по чардаците и е соговорник на луѓето. ИЗВ.: Панчо Михаилов, Български народни песни от Македони®, Софи®, 1924, 7; Маријовци у песми, причи и шали, од др-а Војислава С. РадовановиÊа, Скопље, 1932, 58; „Стремеж”, IX, 2, Прилеп, 1954, 38; Македонски музички фолклор. Песни И., Музички редактори Живко Фирфов и Методија Симоновски, Скопје, 1959, 258; Миладиновци, Зборник 1861–1961, Скопје, 1962, 378 и 404; Македонски народни песни. Текст и мелодии записал Коста Църнушанов, Софи®, 1966, 100; Марко Цепенков, Македонски народни умотворби. Народни песни, кн. прва, редактирал д-р Кирил Пенушлиски, Скопје, 1972, 193. С. Мл.