ГРУЕВСКИ, Никола

ГРУЕВСКИ, Никола (Скопје, 31. Ⅷ 1970) – економист, политичар и државник. Основно и средно образование завршил во Скопје. Дипломирал на Економскиот факултет во Прилеп при Универзитетот „Св. Климент Охридски” -Битола (1994), а потоа работи во банкарскиот сектор. Се здобил и со квалификации за меѓународниот пазар на капитал на Лондонскиот институт за хартии од вредност (1996). Магистрирал на Економскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (2006). Бил претседател и основач на брокерската асоцијација на Република Македонија(1998) и ја направил првата трансакција на Македонската берза. Бил министер без ресор и министер за трговија (30. XI 1998 – 27. Ⅻ 1999), а потоа министер за финансии (27. Ⅻ 1999 – 1. XI 2002) во Владата на РМ. Тогаш се спроведени даночни реформи, воведен данокот на додадена вредност (ДДВ), фискалното регистрирање и трезорскиот систем. Склучил тресет држави. Се интензивира и практично започнува процесот на денационализацијата, при што се вр атени голем број бесправно одземени недвижни имоти во периодот 1945-1990 г. Претседател е на Државната комисија за хартии од вредност (2000-2002) и гувернер на Република Македонијаво Светската банка и во Европската банка за обнова и развој. Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието на Република Македонија(септември 2002 – август 2006), претседател на Комисијата за финансии и буџет и член на Комисијата за соработка со Европскиот пар-ламент (декември 2002 – септември 2004). На Ⅻ конгрес во Охрид е избран за претседател на ВМРО &ДПМНЕ (25. Ⅴ 2003). Извесен период е советник на министерот за финансии на Република Србија преку проект на УСАИД за зајакнување на капацитетот на Министерството за финансии (2003) и потпретседател на Евроатлантскиот совет на Република Македонија(2005). По изборната победа на ВМРО&ДПМНЕ станува претседател на Владата на Република Македонија(27. Ⅷ 2006) и ја реализира својата изборна програма; постигнати се резултати во економијата – во даночната сфера е воведен концептот на рамен данок и Македонија станува земја со најниски даноци во Европа. Обемот на инвестициите почнува да расте (2007-2008) и државата доживува највисоки стапки на економскиот развој (БДП) од осамостојувањето (во 2007 г. изнесува 5,9%, а во следната 5%, со истовремен раст на извозот). Се подобрува бизнис-климата, се инвестира во инфраструктурата, културата и спортот, а е постигнат напредок и во борбата за намалување на криминалот и корупцијата. Се реформира образованието (во 2008 г. 95% од завршените основци се запишуваат во средните училишта, а 85% од завршените средношколци го продолжуваат образованието на факултет), буџетот за образование е подигнат на над 5% од БДП. Отворени се два нови државни универзитета и над 20 државни факултети, а експанзија се прави и во приватните високообразовни установи. Реализирани се реформи и во информатичката технологија за приближување до младите генерации, а користењето на интернетот кај населението се зголемува на 29% (во споредба со 13% во 2006 г.). За подигнување на земјоделството и стандардот на земјоделецот, субвенциите за земјоделството се зголемени за 12 пати на годишно ниво (2009). На предвремените парламентарни избори (1. Ⅵ 2008) добива уште еден мандат како претседател на Владата на РМ. Учествувал на бројни меѓународни конференции, форуми, семинари и иницијативи во организација на ММФ, Светската банка и на други релевантни меѓународни институции. БИБ.: Македонската економија на крстопат, Скопје, 1998 (коавтор); Кон излезот. Странските директни инвестиции, економскиот развој и вработеноста, Кочани, 2007; Тхе њаѕ оут Фореигн дирецт инвестмент ецономиц девелопмент анд еимплоѕмент, Кочани, 2007. С. Мл.