ГРНЧАРОВ, Георги

ГРНЧАРОВ, Георги (Горна Џумаја, 6. XI 1922 – с. Ѕвегор, Делчевско, 16. IX 1944) – антифашист, учесник во антифашистичкото партизанско движење (Ⅶ 1941). Учествувал во собирањето оружје од територијата на Вардарскиот дел на Македонија. Бил борецпартизан (1943). Се пријавил како доброволец во борбите против германскиот окупатор во Вардарскиот дел на Македонија (по 9. IX 1944). Загинал во борбата како заменик-командант на Горноџумајскиот ПО „Никола Калапчиев”. ЛИТ.: Георги Джоджов (Драго), За кого пеят мурите, София, 1971; Безсмъртните 1922/1944, зб.: Загинали в борба против капитализма и фашизма от Благоевградски окръг, София, 1971. В. Јот.