ГРАЧАНИН, Миховил

ГРАЧАНИН, Миховил (Скелани, 1901–1983) – унив. професор. Во 1919 г. се запишал на Вишата земјоделска школа во Прага, а во 1921/22 г. и на Природно-математичкиот факултет. Во 1925 г. е промовиран за доктор на природни науки на Карловиот универзитет. По покана дошол во Скопје (1955), како професор по физиологија и екологија на растенијата. На Катедрата по биологија организирал Лабораторија по физиологија и екологија на растенијата. Како шеф на Катедрата организирал размена на научни трудови со голем број институции во Европа и во Америка, а под негово раководство се изработени голем број докторски дисерации. Бил управник на Заводот по педологија до неговото пензионирање во Загреб (1952). Неговата научна активност се развивала во две насоки: физиолошко-еколошка и педолошка. Публикувал „Педологија” во три тома: И. „Генеза на почвите”, Ⅱ. „Физиографија на почвите” и Ⅲ. „Систематика на почвите” (1946–1951), како и учебникот „Вовед во екологијата на растенијата” (1977). Љ. Гр.