ГРАДСКО ПЕЈАЧКО ДРУШТВО, Прилеп

ГРАДСКО ПЕЈАЧКО ДРУШТВО, Прилеп (1879-1926) – едно од првите хорски друштва во Македонија. Основач и прв диригент на хорот бил Атанас Бадев. Раководењето со колективот по него го презел Георги Смичков. Друштвото учествувало во црковните обреди и на разни градски свечености, исполнувајќи значајна културно-просветна улога во својата средина. Според зачуваните материјали, членовите на хорот се служеле со транскрибирани штимови во Хрисантова невматска нотација, од партитури на руски и на други странски автори. Др. О.