ГОТЕН

ГОТЕН – средновисока планина во Источна Македонија што $ припаѓа на Родопската зона. Се наоѓа помеѓу планините Огражден на исток и Плачковица на запад. Од Плачковица е одвоена со долината на Смилјанска Река, а од Огражден со длабоката клисура на Нивичанска Река. Помеѓу овие две речни долини се протега билото на Готен, на кое се издвојуваат врвовите: Грамадник (1.420 м), како највисок, Аџи Чука (1.299 м) и Калбак Даши (1.178 м). Спрема југ постепено се спушта во дното на Радовишката Котлина. Во подножјето на јужната падина се наоѓаат селата: Јаргулица, Покрајчево и Злеово. Т. Анд.