ГОРНО ВРАНОВЦИ

ГОРНО ВРАНОВЦИ – село во Велешко. Се наоѓа на источните падини на планината Голешница на надморска височина од околу 700 м. Со Велес, по долината на р. Тополка, е поврзано со локален асфалтен пат. До средината на ХХ в. било најголема селска населба во Велешката околија. Во 1953 г. во него живееле 3.847 ж. Во следните неколку години голем дел од ова исламизирано население се иселува во Турција, та-С. Горно Врановци ка што бројот на жителите започнува да опаѓа и во 2002 г. овде живееле само 199 ж. Од нив 189 ж. веќе биле Албанци, 9 ж. Турци и само еден деклариран како Македонец. Населението се занимава главно со сточарство. Во историјата е познато село од НОБ. Куќите во кои престојувале членовите на Президиумот на АСНОМ се ставени под заштита на законот, а во една од нив на 29 октомври 1944 г. бил отпечатен првиот број на весникот „Нова Македонија”. Ал. Ст.