ГОЛЕШНИЦА

ГОЛЕШНИЦА – средновисока планина што се наоѓа во средишниот дел на РМ. Всушност му припаѓа на источниот дел од масивот Јакупица, но од него е морфолошки одвоена. Се наоѓа помеѓу горните делови од речните долини на Кадина Река и Тополка, со правец на протегање запад–исток. Зафаќа површина од 197 км². Највисоки точки се врвовите Лисец (1.934 м) и Сипичан (1.789 м). Самото име ни покажува дека е сиромашна со шуми, односно дека е обесшумена, што придонесло да се развие интензивна рецентна ерозија. Таа е потпомогната и со големите наклони кои се карактеристични за северните и јужните падини. Т. Анд. Логорот Голи Оток, на истоимениот остров